Претставници на „Шарена револуција“ имаа герила-акција пред резиденцијата на САД во Скопје, каде што се одржуваат преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. На улицата пред куќата каде што живее амбасадорот на САД, Џес Бејли, тие со црн спреј испишаа „Граѓаните ќе ја решат кризата!“.

gragjanite-kje-ja-resat-krizata-5-860x680

Од граѓанскиот сектор, пак, побараа претставниците на граѓаните да бидат вклучени во преговорите.

– Преговорите се одвиваат без учество на граѓаните, кои не знаат што се случува зад затворени врати. Бараме да бидеме присутни, но не бараме да одлучиваме, туку да бидеме таму за да ги известуваме граѓаните, да го надгледуваме процесот и да нудиме алтернативни решенија. Политиката не им припаѓа само на партиите, туку му припаѓа на граѓанинот – рече Петрит Сарачини, граѓански активист.

gragjanite-ke-ja-resat-krizata-9

Претставниците на невладиниот сектор порачаа дека доколку партиите одлучат нешто што е на штета на граѓаните, ќе бидат порадикални, но тоа не значи дека ќе бидат насилни.

gerila-akcija

– Политичките партии мора да разберат дека ако одлучат нешто што не ни се допаѓа, ќе излеземе помасовно и порадикално. Граѓаните излегоа на улица помасовно затоа што партиите одбија да ги слушнат – вели професорката Мирјана Најчевска.

Слични содржини