Нема можност за бегство или нејавување на поканите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на лицата кои тоа ќе ги повика како осомничени или како сведоци повеќе од два пати, појаснуваат од ова обвинителство по информациите дека некои од сведоците во предистражните постапки изјавувале дека се на одмор или службен пат, или пак едноставно ги игнорирале поканите. Тоа се однесува и на лицата кои доставиле и боледување како оправдание, како што е случајот со еден од клучните сведоци кого СЈО го канело уште од мај.

katica-fatime-i-lence-4

По две недоаѓања на распит, третиот пат повиканите ќе мора да дојдат, инаку СЈО ќе издаде налог за присилно приведување, ја објаснуваат постапката од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева за порталот „СДК“.

Специјалното обвинителство ќе издава налози за приведување или за лишување од слобода, сеедно дали повиканите се во Македонија, или се во странство.

„Веќе имаме одлична соработка со правосудните органи со земјите од ЕУ, со САД и со државите од поширокиот регион“, велат од СЈО. „Нам ни стојат на располагање познатите механизми за меѓународна соработка. Ќе ги употребиме сите механизми, па ако треба и ќе распишуваме потерници и предавање на евентуалните избегани сведоци и осомничени преку Интерпол“, велат од тимот на Јанева.

Слични содржини