(ВИДЕО) Јанева: Прецизно го слушав Милошоски затоа што неговиот глас е чест на снимките

од desk3

Почна седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која пратениците веќе втор ден дискутираат за извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

katica-janeva-sobranie1

Прва говореше независната пратеничка Солза Грчева, која рече дека е изненадена од непознавањето на правото, политиката и на демократијата што го покажала Јанева во вчерашното излагање и одговарање на пратеничките прашања.

Збор зеде и пратеникот Горан Мисовски, кој рече дека не е изненаден од оркестрираните напади врз СЈО и врз Јанева, затоа што ова обвинителство е единствената институција што ВМРО-ДПМНЕ ја нема под своја контрола.

Пратеникот Антонио Милошоски ја праша Јанева на какви случаи работела досега во Основното јавно обвинителство во Гевгелија, односно дали имале случаи за организиран криминал и за злосторничко здружување.

На ова, Јанева му одговори дека неговите прашања попрецизно ги слушала затоа што неговиот глас често го слушала во прислушуваните разговори, а за нејзиното претходно искуство, Милошоски може да се обрати до обвинителот Марко Зврлевски, кој на Јанева ѝ бил шеф.

Седницата на комисијата сè уште е во тек.

 

МЕТА

Слични содржини