„Шарена револуција“: Утре сите пред суд да му дадеме поддршка на Павле Богоевски

од desk3

„Шарената револуција“ ги повика граѓаните, утре, во 10.45 часот, да дојдат пред Основниот суд Скопје 1 и да му дадат поддршка на активистот Павле Богоевски.

Во најавата за настанот на „Фејсбук“, пишува дека Богоевски се товари за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

13295110_10207901785095724_1760006750_n-860x666

„Еден за сите, сите за еден! Утре во 10.45 ние ќе бидеме заедно со нашиот соборец Павле Богоевски, пред Основниот суд Скопје 1. Ве повикуваме да ни се придружите. Продолжуваат притисоците врз луѓето што секојдневно протестираа и протестираат против овој режим. Продолжуваат да се судат граѓани што ја критикуваат власта додека криминалците шетаат слободно, уништуваат докази и траги од веќе сторени и вршат нови кривични дела“, пишува во фејсбук-најавата.

Од „Шарената револуција“ велат дека „оваа прва кривична пријава за боењето на симболите на криминалниот режим во Скопје е уште еден обид за обвинителството и за судството од тефтерот на Горде да делат селективна правда“.

„Павле ќе може да го судите само кога Груевски ќе седи на обвинителната клупа во соседната судница, пред навистина независен и непристрасен суд! Дотогаш, ако нема правда, нема мир!“, наведено е во соопштението.

 

МЕТА

Слични содржини