(ВИДЕО) Левица: Сите партии да потпишат дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ

од desk3

Партијата Левица излезе со официјален предлог за формирање експлицитен кордон околу ВМРО-ДПМНЕ за изолација на партијата, бидејќи, како што велат, таа е креатор на владејачките политики 10 години и ја упропастува Македонија-пренесе А1он. Здравко Савески од партијата вели дека ако ВМРО-ДПМНЕ освои уште еден мандат, партијата ќе и зарие конечен нож на Македонија и ќе ја уништи земјата.

– Потребно е сите опозициски партии, вклучително и партиите од Албанскиот блок да кажат експлицитно на јавноста и да потпишат заеднички меморандум, во која ќе кажат дека нема да учествуваат во влада во која учествува ВМРО-ДПМНЕ и нема да поддржат влада во која учествува ВМРО-ДПМНЕ. На таков начин, не само јавноста ќе има потранспарентна слика за позициите на сите политички партии учесници на изборите, туку и меѓународниот фактор ќе биде дестимулиран да прави некои постизборни комбинации кои ќе ја вклучат онаа партија која зад себе има оставено крупен криминал во оваа земја, рече Савески.

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини