Зврлевски отвори постапка за сликањето на куќата на Мијалков

од desk3

Oсновното јавно обвинителство отвори постапка за настанот во петокот каде истражител на СЈО и уште едно лице фотографирале објект за кој имале индиции дека е во сопственост на екс началникот на тајната полиција, Сашо Мијалков.

timthumb-2-2-670x286

Според обвинителството, едно од лицата се дало во бегство, не сакало да се легитимира за да се утврди нивниот идентитет и овластувањата за постапките кои ги презело.

Обвинителството информира дека немале судска наредба за снимање и поради тоа биле повикани во полициската станица Центар, каде случајот бил документиран.

Доцна вечерта, во петокот специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева отиде во полициската станица Центар и го зема истражителот кој беше задржан на разговор. Рече дека постапувал по нејзина наредба и бил на работна задача.

Слични содржини