5 необични јадења за зголемена ерекција

од Vladimir Zorba

Сите имаат слушнато за ефектот на производи како лути пиперки, чоколадо и дури и лук на потенцијата. А знаете ли дека една доматна салата исто така може да го подобри сексуалниот живот?

Причината е дека здравиот начин на исхрана е директно поврзан со циркулацијата на крв во телото, а со неа и со машката ерекција. Значи колку добро влијае храната на васкуларниот систем, толку повеќе ветува дека ќе бидеме будни во ноќта. Или барем така тврдат научниците од Масачусетц, кои спровеле истражување на оваа тема.

Затоа нудиме 5 необични јадења, кои се ем здрави и богати со нутриенти, ем водат до повеќе возбудливи и долготрајни креветски авантури.

1. Лубеница

Овој плод е не само вкусен и освежувачки во жешките летни денови, но може да помогне и меѓу чаршафите. Тоа тврдат научници од Тексас “Еј анд Ем Универзитетскиот”, кои откриле директна врска помеѓу јадењето лубеница и превенцијата на еректилната дисфункција (ЕД) кај мажите. Иако голем дел од лубениците се вода, дебелиот дел на овошјето содржи цел куп антиоксиданси како ликопен, кој помага за доделување на крвните садови и е сметан за најмоќниот антиоксидант, регистриран во хранливите извори.

2. Домати и грејпфрут

Ако лубеницата не ви е при рака, тогаш доматите и грејпфрутот исто така ќе завршат работа. Всушност речиси секој плод кој има длабока црвена боја. Причината лежи во високата содржина на ликопен. Истражување на уролошки институт во Мадрид докажува дека ликопенот од доматите во комбинација со маслиново масло ја враќа ерекцијата на мажите. Квартално истражување на 40 мажи на 50 годишна возраст со блага ЕД покажува дека 20 мл екстра девственото маслиново масло, кои се мешаат со 8 мг доматен ликопен помагале на 50 проценти од учесниците да постигнат подобра ерекција.

3. Ракчиња

Податоците за афродизијачки својства на ракчиња, датираат уште од антички Рим од вториот милениум од Новата ера кога Јовенал ги опишува во својот сатира. Овој морски дар е богат со цинк, суштински при подобрување на сексуалната потенција кај мажите (дополнителна хипотеза е дека по форма ракчиња личат на женски полов орган). Истражувањата докажуваат уште дека ракчиња и школки содржат D-аспартамова киселина и NMDA (N-метил- D-аспартат) – соединенија кои имаат позитивен ефект врз тестостеронот и естрогенот.

4. ‘Фстаци, кикирики и ореви

Според истражувањето објавено во “Меѓународниот журнал за истражување за потенцијата” токму фрстаците, оревите и кикириките се најсилното оружје против еректилна дисфункција, благодарение на аминокиселината аргинин која се содржи во големи количини токму во овие јатки. Аргининот пак е прекурсор е на синтезата на азотен оксид и помага намалувањето на крвниот притисок (асиметрични метиларгинин (ADMA) инхибира реакцијата до азотен оксид и е маркер за васкуларни заболувања). Освен тоа се смета дека го подобрува производството и виталноста на сперматозоидите.

5. Лакриц

Во древна Кина луѓето го користеле лакрицот за зајакнување на сексуалниот нагон. Тука, за разлика од горенаведените прехранбени производи, влијание врз ерекцијата и возбудата немаат нутриентите, туку мирисот. Излегува дека мирисот влијае исклучително стимулативно на сетилата. Според резултатите од спроведено истражување за ефектите на различните мириси на возбудата, се испоставува дека мирисот на црниот лакриц го зголемува крвотокот во пенисот со 13%, а во комбинација со арома на крофни овој процент станува 32%.

Слични содржини