Одржувањето на совршена фигура е задача со која малкумина успеваат да се справат!

Динамичното секојдневие, недостатокот на време и стресот, под кој живееме води до неурамнотежен начин на живот и порано или подоцна доаѓаме до тешката борба со килограмите.

За неа, како и за прехранбените навики раскажува пред Foodpanda инструкторот Мартин Васев. Тој смета дека во основата на здравата исхрана се некои едноставни и лесни за исполнување нешта, но бара трпение и рутина.

1. Никогаш не пијте калории

Газираните пијалоци, како и соковите купени од продавницата се ништо повеќе од количество вода со шеќер. Многу луѓе заменуваат цели оброци со пијалаци. Да, тоа би можело да се случи, но само ако пијалакот е богат со растителни влакна, витамини, протеини и здрави масти.

2. Никогаш не прескокнувајте оброк

Кога сакате да го промените вашето тело, исхраната е клучна. Повеќето инструктори, запознаени со метаболичките процеси на телото препорачуваат од четири до шест оброци на ден, како еден од најважните компоненти во нив е протеинот.

3. Избегнувајте пржена храна

Т.н. “уништувачи за телото” се широкодостапни и евтини, што ги прави најпосакувани и често консумирани. Во нив има импресивно количество трансмасти кои се претвораат во непријател број 1 за човек кој тргнал да го преобразува телото.

4. Никаква потрошувачка на шеќери и тесто во текот на ноќта

Иако целите зрна се добредојдени кога сме на диета, тие треба да се избегнуваат во подоцнежните часови. Појадокот треба да биде најубавото и богато јадење и со зголемување на часовите на денот, храната треба да се ублажува.

5. Да го ограничиме внесот на слатко

За повеќето дами е многу тешко да откажат слатките под било каква форма и најчесто чоколадото. Потрошувачката на храна со висок процент какао е дозволена.