Одењето без долна облека има како верни приврзаници, така и противници. Денес постојат некои заблуди, а најголемата е дека одењето без долна облека може да биде погубно за сексуалното здравје.

zena

Затоа денес ќе ви презентираме 5 неспорни докази зошто се повеќе жени треба да ја прифатат “голата” идеја и да ги одложат гаќите.
1. Удобно е

Се разбира, почнуваме од повеќето логички причини – навистина е пеколно удобно и релаксирачки. Уште повеќе, ако сте биле цел ден на работа, несомнено тоа ќе ви направи како да е едно од најубавите нешта што сте ги направиле скоро време.
2. Нема врска меѓу одењето “дибидус” и инфекциите
Ова е најчестиот мит кој запира многу дами да се опуштат во таа насока. Д-р Џилијан Дин, директор на клиниката за планирана бременост во Њујорк, е категорична дека нема директна врска помеѓу одењето без долна облека и габичните инфекции. Всушност, шансата да се снабдите со бактериска вагиноза е неколу пати поголем, ако носите тесна долна облека од вештачки материјали.

3. Тоа спречува различни болести

Можеби некои од вас знаат дека многу гинеколози советуваат при хемороиди, генитален херпес или друг здравствен проблем кој предизвикува болка во оваа област, да се спие без долна облека. Дури никогаш да не сте имале слични поплаки, превенцијата е важна. Познатиот белгиски професор Жан-Пјер Мартинез не пропушта прилика да ги советува дамите да ја соблечат долната облека пред спиење, освен кога се во месечен циклус.

4. Ќе се чувствувате секси

Се разбира, некои жени се чувствуваат најпривлечни кога се здобијат со комплет софистицирана чипка долна облека. Верувајте ни, нема ништо посекси од носењето на … ништо. Ако сеуште се сомневате во тоа, испробајте го тврдењето на вашата половина.

5. Облеката ќе стои подобро

Нема начин да не сте подпаднале барем еднаш на папараци кадри кои документираат дека голем процент од холивудските личности не носат долна облека. Тоа сепак не е сосема некој трик за медиумска слава. Во реалноста, сите алишта (особено официјалните) стојат зачудувачки врз гола кожа. Сепак, која дама би сакала силуетата да биде оштетена од парче ткаенина, која претенциозно се впива во нејзините форми ?

Слични содржини