Потта нема пријатен мирис, но пак носи многу придобивки за организмот. Ја мразиме и се обидуваме да ја запреме на секаков начин, освен кога сме во салата. Таа сепак е природен начин на телото да се ослободи од токсините и други штетни материи во организмот, кои предизвикуваат нерамнотежа.e32efb4a4b4a7ce51b298a5ecdd78ffb (1)

Еве 5 причини кои ќе ве натераат да заборавите за мирисот и да се потите со желба:

Потта помага при намалување на килограмите

Преку потта се исфрлаат вишокот вода и течности, кои често се причина да се чувствуваме тешки и тромави. Тоа сепак не значи да го оставите вашето тело дехидрирано и да не излегувате од сауна. Потењето го засилува и имунолошкиот систем.

Ја подобрува циркулацијата

Потењето често е резултат на физичка работа. Тоа го засилува срцевиот ритам, што пак го предизвикува срцето да пумпа повеќе крв. Целиот процес значително ја подобрува циркулацијата во телото, како и метаболизмот.

Ја прави кожата мазна

Сакате мазна и витална кожа? Потењето ги  вади токсините на површината, ги проширува порите и после миење на лицето дури и само со вода, тоа изгледа освежено и тонирано.

Го подобрува расположението

Нема поголем непријател на стресот од спортот кој секогаш е проследен и со отстранување на огромно количество пот. Истражувања докажаа дека по напорното физичко оптоварување депресијата и нервозата исчезнуваат и телото е полно со хормони на среќата.

Штити од камења во бубрезите

Редовното вежбање и исфрлање на токсините и непотребните течности преку потта се како превенција за бубрезите и не им дозволуваат да се преоптоварат и „загадат“.

Слични содржини