5 работи за сексот кои мажите се срамат да ги споделат

од Vladimir Zorba

За мажите сексот не е само секс, како што мислат повеќето жени. Посилната половина на човештвото се соочува со не помала потреба од нежност за време на секс. Мажите сакаат да бидат допирани, да уживаат во долга љубовна игра, но малкумина од нив ќе ги признаат желбите. Едноставно машката природа е таква. 

Што сакаат мажите од своите понежни половини, за што се срамат да споделат?

Тие сакаат да ве задоволат

Широко распространет е стереотипот дека мажите се заинтересирани само од своето сексуално задоволство, но не и од тоа на партнерот. Тоа не е точно. Вљубениот и сакан маж е подготвен на сè за да ве натера да ја достигнете најголемата радост.

Тие сакаат повеќе допир

Љубовната игра е не помалку важна за мажот. Тие обожаваат да бидат допирани и ги возбудува до крајни граници, но не паѓаат на нежните признанија и затоа тешко би споделиле, особено ако не сте уште доволно блиски.

Сексот е повеќе од секс за нив

Глупави приказни со кои жените го поврзуваат  посилниот пол, важат само за некои мажи, но не за сите. Некои господа навистина не оддаваат значење на чувствата и се фокусираат само на физичкиот дел од врската, но тие се малцинство.

Повеќето мажи ги оддаваат телото и душата во сексот и дамите не треба да го потценувате овој факт. Линкот кој настанува помеѓу маж и жена за време на интимниот чин, е многу посилен за мажите отколку што мислат.

Ќе познаете дали тоа е така, ако забележите дека ви ги фаќа рацете за време на секс, дека се притиска до вас дека ве гледа копнежливно како да сака да ги впие до крај чувствата кои ги создава ова доживување.

Тие може да сакаат да ги грицкате нежно

За страста нема граници. Не плашете се да пробате и малку погруби игри во кревет. Од реакцијата барем ќе знаете дали да го повторите тоа следниот пат или не.

Тие сакаат да ги оставите светлата запалени

За жал и огромна грижа на жените, повеќето мажи сакаат да имаат секс на светло. Тие тоа тешко дека ќе го споделат, бидејќи знаат колку преплашени се жените од овој факт. Мажите сепак обожаваат да гледаат во голо женско тело со сите негови облини и вашите реакции на нивните допири. Тоа ги возбудува до крајни граници.

Слични содржини