5 трикови за убавина со тиква

од Vladimir Zorba

Тиквата е многу корисен производ, се оценува истовремено како плод и како зеленчук. Таа е здрава и диететска. Содржи завидна количина витамин А, К, Ц, минерали како цинк, бакар, магнезиум, калиум – кои се неверојатно корисни материи за кожата и косата.
Поради оваа причина тиквата е еден од најдобрите пријатели на жената во грижата за убавината .

Како можете да користите тиква за убавина?

Како балсам за коса
Користена како балсам, варената тиква има својство да го регенерира сјајот и да ја враќа влагата во влакното на тој начин им помага на оштетените прамени да оживеат.

Измешајте малку варена тиква со малку јогурт и 2-3 лажици мед во сад. Истисткајте ги добро или испасирајте во блендер. Нанесете врз измиена коса, почекајте неколку минути и исплакнете.

Како крем
Можете да си направите неверојатно корисен и длабоко хидратантен крем со тиква, кокосово масло и цимет. Овие три состојки ja прават кожата здрава, навлажнета, гламурозна и негувана.

Маска за лице
Тиквата е многу богата со антиоксиданси. Благодарение на бета-каротенот и витаминот А тој ја прави кожата здрава, ја штити од брчки и ја храни во длабочина.

Измешајте 1 чаша варена тиква, 2 лажици кафеав шеќер, 1 лажица мед и ½ чаша јогурт. Измешајте ги добро и нанесете на чиста кожа. Почекајте да се впие за околу 15 минути и исплакнете.

Пилинг за лице
Кожата има потреба од пилинг еднаш или два пати неделно, за да се отстранат акумулираните од себум, мртви клетки и нечистотија, а и за да се заштитите од брчки. Тиквата е одлична за таа цел.
Измешајте 1 чаша свеж сок од брусница, ½ чаша варена тиква, 1 јајце, 1 лажица мед и промешајте. Нанесете на чиста кожа, додека се исуши. Пилингот има затегнувачки ефект.

Ексфолијација
Ексфолирајте со помош на тиква. Измешајте малку варена тиква со малку кафеав шеќер. Промешајте и нанесете со масажа во кружни движења со избегнување на зоната околу очните капаци. Масирајте така околу 5 минути. Потоа оставете маската да се впие. Исплакнете. Пилингот е многу погоден и за целото тело под туш.

Слични содржини