Поп-ѕвездата Џенет Џексон го очекува своето прво дете на 50-годишна возраст, се последните информации.

4798839

Најмалата сестра на Мајкл Џексон ги зачуди минатиот месец обожавателите со прекинот на својата светска турнеја. Тогаш таа рече дека со катарскиот сопруг Висам Ал Мана го “планираме нашето семејство”. Џенет Џексон не откри детали, но светските  сајтови ET and E! News пишуваа дека таа е бремиња. На 16 мај Џексон ќе наполни  50 години. E! News повикувајќи се на неименуван извор  вели дека поп-ѕвездата е бремена во 4-5 месец и некое време посетувала и специјалист. Природно забременување се среќава поретко кај жените од 40-те и нагоре години, но вештачкото оплодување овозможува да се прошири возраста. Семејството и опкружувањето на пејачката не кажува ништо за ова прашање. Џексон често е дискретна за личниот живот, па дури и не соопшти  и за склучување на бракот со катарскиот бизнисмен во 2012 година. / АФП

Слични содржини