50 пожарникари спречија огромна трагедија во Лондон

од desk4

Во зграда која е во ремонт и се наоѓа во центарот на Лондон вечерва избувна пожар. Властите ја блокираа областа поради ризикот од експлозија на гасни боци, кои се во близина.

Во пожарот учествуваа повеќе од 50 пожарникари и 10 противпожарни машини. Огнот бил во близина на прометен и шопинг кварт, каде и седиштето на британската телевизија Би-Би-Си. Нема податоци за повреди, но повеќе од 40 итни повици се примени за пожарот.

Слични содржини