Во зграда до МВР пријавени 14 избирачи со исто презиме без број на стан

од desk3

Во зградата на улицата 50 дивизија број 32 во скопската општина Центар, во близина на Министерството за внатрешни работи, во Избирачкиот список има запишано 28 гласачи, од кои 14 се непостоечки, пренесе Сакам да кажам.

izbiracki-spisok-printskrin-43672376

Во избирачкиот список на оваа адреса фигурираат 14 луѓе со презиме Шабан. Станарите велат дека досега никој не ги видел. Во Избирачкиот список покрај нивните имиња не стои број на стан во кој живеат.


Станарите овие сомнителни гласачи на нивната адреса ги имаат пријавено и во МВР и во ДИК.

Зградата е целата заградена и поставени се предупредувања дека е под видео надзор. Само таа зграда е со таква заштита во околината.

По ставањето на увид на Избирачкиот список, десетици граѓани, невладини организации,  пријавиле до ДИК дека на списокот се уште постојат илјадници фантомски гласови.

Телевизијата Шења вчера објави дека дури 259 гласачи во Тетово се сместени на една иста адреса, каде нема куќа, туку паркиралиште.

текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини