Ана Бунтеска во Матица- Книгата како феномен на масовната комуникација

од Vladimir Zorba

Читањето е феномен на масовната комуникација. Книгата е пријател, инспирација и учител.

 

Вчера писателката Ана Бунтеска, во Клуб Матица ги потпишуваше своите дела „Стави лајк на сопствениот живот“ и најновата „Колку е потребно за среќа“.

 

Ана одлучи денот да го помине со читателите и заедно да го прослават нејзиниот роденден.

Ана со години придонесува кон збогатувањето на културниот живот кај нас, со пренесување на емоциите што се дел од секојдневието и реалноста, емоции и чувства што допираат до се повеќе читатели.

Таа со посетителите ги сподели следните зборови:

„колку треба за да ти игра срцето

и очите со смеа да ти се наполнат

колку е потребно да му се насмееш на денот

та да си читаш навечер кога тивко е

и со книжулето под перница да спиеш…“

Саемот „Книга во секој дом“ секоја година го посетуваат повеќе од 30.000 посетители, а покрај во Скопје, љубителите на книгите ќе уживаат и во книжарниците во Охрид, Струмица, Штип, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Куманово, Струга, Гостивар, Неготино, Делчево, Кочани и други градови.

 

 

Слични содржини