[РЕЦЕПТ] Печени компири со кора од пармезан

од Vladimir Zorba

Состојки:
3 јајца
2-3 големи компири
1 чаша рендан пармезан
неколку страка магдонос
1 лажиче сушено оригано
1 лажиче лук во прав
1 лажиче црвен пипер
сол, бибер по вкус
Подготовка:
Измијте го добро компирот без да ги излупите. Потоа пресечете секој компир половина по должината, а секоја половинка на ленти. Во сад се комбинираат сите суви состојки заедно со наситнетиот магдонос.

Најнапред компирите се потопуваат во матени јајца, по што се валкаат добро во сувите состојки. Наредете ги во тава врз хартија за печење. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 30-40 минути. Послужете со сос по ваш избор.

Слични содржини