Утврдена листата на пријавени кандидати за нови членови на ДИК од собраниската комисија за избори и именувања. 52 кандидати се пријавале на огласот за нови членови на ДИК. 37 од нив, се пријавиле за трите места предвидени за експерти. За 6-те места предвидени за партиски кандидати, се пријавиле 12-мина, а тројца се пријавиле и како партиски кандидати и како експерти.

dikk2 (1)
Партиите имаат рок од три дена да одредат своите кандидати, а за експертите ќе се одлучува со консензус.

Од ВМРО-ДПМНЕ пријавени се сите досегашни членови- Анета Стефановска, Сашо Срцев и Влатко Сајковски,но нив ќе им конкурира и пратеничката Силвана Бонева.

Ванхауте не успеа да им се “обрати” на пратениците, во меѓу време се “збилижле” и беше одложена Анкетната комисија

Од СДСМ, најголеми шанси имаат досегашната членка Виолета Дума и адвокатот Игор Милев од Радовиш, а се кандидирал и поранешниот пратеник Есад Рахиќ.

За членови предложени од ДУИ и ДПА се очекува да бидат избрани досегашните Субхи Јакупи од ДУИ и Бедредин Ибраими од ДПА.

Меѓу попознатите имиња кои ќе се борат за експертските места се професорот по криминалистика Стефан Буџаковски, поранешниот член на Судскиот совет Беќир Исени, колумнистот и аналитичар Сотир Костов, новинарот и уредник на политичката редакција на весникот „Вест“, Горан Трпеноски.

Слични содржини