6 болести кои може да ги фатите од бакнеж

од Vladimir Zorba

За безбеден секс се зборува многу, но сте слушнале ли  за “безбеден бакнеж”? Веројатно не, бидејќи дури не сме ни размислувале дека и овој чин на страст и интимност може да биде опасен за вашето здравје. И додека кондомите можат да ви обезбедат безбеден секс, тогаш со бакнежите ситуацијата е посложена. Можете само да верувате дека вашиот партнер е целосно здрав.

Што може да “пресретнете” од него?

1. Вирус / грип

Вирусите се пренесуваат по воздушен-капков пат, па разменувајќи плунка, шансата да се разболите ако партнерот ви е болен, е голема. Симптомите често се: болки во мускулите, главоболка, болки во грлото и температура.

2. Херпес

Без разлика дали херпес е на самата усна или околу устата, ако се бакнувате со човек кој има такво нешто, лесно ќе го префатите и вие.

3. Сифилис

Уште една болест која може да се пренесе преку физички контакт како бакнеж и сексуална активност.

4. Менингитис

Бактериски менингитис се шири преку бакнеж. Симптомите се укочен врат, температура и главоболка.

5. Воспаление на непцата

Иако воспалението на непцата не се шири преку бакнеж, бактеријата која води до овие болести се пренесува на овој начин. Можете да се “спасите”, ако по бакнеж веднаш си ги измиете забите и користите вода за плакнење.

6. Кариес

Предизвикан од бактеријата streptococcus mutan која лесно се шири со бакнеж.

Слични содржини