6 митови за должината на пенисот

од desk2

Сериозно, престанете да верувате на овие глупости!

52% од мажите сакаат пенисот да им е подолг, 34% да е подебел, открива последната студијата . Зошто мажите се опседнати со големината? За жал, повеќето се уште веруваат дека токму повеќето сантиметри ќе ги направи богови во кревет и ќе им обезбедат поклонување на спротивната пол. Но вистината е сосема поинаква.

1 мит: Поголем, повеќе задоволство!
Господата може и да веруваат во тоа, но дамите го поврзуваат големиот машки атрибут со болка, а не со оргазми. Во 2014 година излегува материјал по истражување во едно село во Кенија со прилично надарени машки примероци, во кое жените отворено велат дека најголемиот по големина полов орган им предизвикува болка.

2 мит: Пенисот никогаш не може да е премногу голем и да не падне
Постои поим како компатибилност. И вашиот пенис и нејзината вагина може да не се разберат воопшто. Женските полови органи се со различна големина, длабочина и флексибилност. Често причина за болка може да биде не само компатибилноста, а и недостатокот на природно подмачкување. Погрижете се партнерката да е возбуден.

3 мит: Важно е самата пенетрација
Голем дел од нервните завршетоци во областа на женските гениталии не се наоѓаат во вагината, туку надвор од неа. Доста жени признаваат дека најдолгиот пенис на никаков начин не влијае на оргазмот позитивно и дури може да го спречи остварувањето. Не заборавајте да го стимулирате нејзиниот клиторис за време на вистинскиот чин, излегува дека тој е значаен за дамите.

4 мит: еректиран пенис е барем 18 см
Истражувањето покажува дека највисоката просечна вредност за големината на пенисот ја држат Венецуелците и дури нивните интимни делови не достигнуваат поголема големина од 7 инчи (17,08 см). Просечната должина на машкит полов орган достигнува 17.01 см.

5 мит: Поголем број чевли – поголема големина на пенисот
Овој мит се базира на лондонско истражување од 2002 година Во него се усогласиени размерите дека големината на пенисот одговара на бројот на чевлите. Тоа сепак ниту од далеку не е доволно да се прави некаков глобален заклучок.

6 мит: Може да се зголеми големината без операции
Веројатно сте паднлае под влијание на десетици реклами на апчиња и креми кои ветуваат зголемување на достоинството. Полни глупости! Единствениот начин да ја промените големината е со операција. Останатите производи дејствуваат и се фокусираат на крвотокот во областа на пенисот. Оваа состојба е привремена.

Слични содржини