60 години по Римските договори: ЕУ – единство или распаѓање

од desk2

На 25 март 1957 година во италијанската престолнина се потпишани договорите за Европската економска заедница и за Евроатом

Во време кога беснее политичка бура Европа, за време на викендов во Рим ќе се лави 60-годишнината од потпишувањето на договорот, со кој се положија нејзините основи. Таа ќе ја одбележи годишнината, во услови на барање единство и “заедничка иднина”, но исто така и потклекната од ветровите на несогласувањата, на сомнежот и популистичката недоверба, коментира Филип Агре од Франс прес.

Брекзитот веќе фрли сенка врз Римската прослава – Велика Британија ќе го објави почетокот на овој сложен и невиден процес на 29 март, речиси веднаш по одбележувањето на годишнината.

Освен брекзит сепак постојат и други закани – миграциски бран, економска криза, тероризмот, затворени заедници.

Се поставува прашањето дали Европската унија не е загрзоена? Змислена од шест земји за обновување на Европа по Втората светска војна, денес е со 27-членки ( иако по пристапувањето на Хрватска беа 28, но по брегзитот на Велика Британија, сепак ќе стане факт дека дури по неколку години повторно ќе се 27).

Во секој случај сите – од федералисти до националисти – се согласуваат дека ЕУ го преживува најтешкиот пад од своето основање со Римскиот договор на 25 март 1957 година.

“Веќе не е време да мислиме дека сите сме во состојба да го правиме истото заедно”, изјави неодамна претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој ја поддржува идејата за “Европа на неколку брзини”.

Договорот од Рим

Пред 60 години Германија, Франција, Италија и земјите од Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) се ангажираа “да се постават темелите на уште поблиска унија меѓу европските народи”.

Во сабота во Рим шефови на држави и влади од ЕУ ќе се состанат во 27-члениот формат во салата на Хорациите и Куриациите во зградата на Капитол, каде е потпишан историскиот договор (всушност договорите се два: економски и нуклеарен). Тоа ќе се случи во отсуство на британскиот премиер Тереза ​​Меј, која одлучи четири дена по датумот на годишнината да ја активира постапката за одделување на земјата од европскиот блок .

Во свечена изјава 27-те ќе изјават “дека се решени да ја направат Унијата посилна и одржлива преку поголема кохезија и солидарност” меѓу нив. Ова ќе е “неделива унија” како одговор на брекзитот.

Рим треба да отвори нова страница за обединета Европа на 27-те, рече Жан-Клод Јункер.

Тој изјави принципи и “убави зборови” за европските лидери кои добро знаат дека ако сака да се опстане, Унијата треба “да се доближи до своите граѓани” – желба, што упати и претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, како лична позиција, објавен во весникот “Монд”.

Целта му беше да одговори на популистите како на Французинката Марин Ле Пен, лидер на партијата Национален фронт, која го осудуваат во името на “народот” и “тоталитарниот режим” на ЕУ во Брисел и затоа пропагира излез од еврозоната.

Сојуз со “различни брзини”

За да се даде поттик на европскиот проект, на 1 март, претседателот на Еврокомисијата јас претстави “Белата книга” за иднината на ЕУ по брекзитот, односно пет цели за патот за реформи во Унијата.

Еден од сценаријата предвидува ЕУ да се “концентрира повторно” на единствениот пазар, имајќи го предвид фактот дека 27-те “не се способни да најдат допирни точки во повеќе области”.

Друго сценарио нуди спротивното – “поголемо приближување” во насока кон федерална држава преку поширока поделба на надлежностите меѓу 27 земји членки и забрзување на процесот на донесување одлуки во ЕУ.

Меѓу двете опции се исцртани средние патишта, како овој за Европа “на неколку брзини” (поддржан од Париз и Берлин), “во коа оние кои сакаат повеќе, работат повеќе заедно – на пример во одбраната, безбедноста или Економско монетарната унија (ЕМУ ), со ризик да се зајакне впечатокот за “сложен систем”, која ќе јаправи ЕУ “уште неразбирлива” за неговите половина милијарда граѓани.

“Диференцирана Европа веќе е факт (некои земји се во еврозоната, други – не) без впрочем тоа да се мотивираат помалку интегрираните да ја забрзаат” интеграција, објасни за АФП Шарл де Марсеј, кој го предводи бриселското биро на фондацијата “Шуман”.

Идејата за унија на “различни брзини” сепак се соочува со одбивањето на земјите од Источна и Централна Европа – последните запишани во него, кои стравуваат дека може да бидат исклучени од “клубот” поради постојано непријателство кон проектите на Брисел, како што покажа конфронтацијата со Варшава на последната средба на високо ниво на ЕУ.

“Всушност оние кои стравуваат од овој европски мозаикот, се плашат да не западнат во втората лига”, рече Марсеј.

“Во исхраната тоа ќе се направи повеќе деликатно балансирање при напредокот без исклучување и стигматизација”, предвидува тој.

“Изборите во 2017 година (во Франција и Германија) нема да дозволат големи обврски: никој не ја открива тактиката без да знае кој ќе биде капитен и каков ќе биде составот на тимот”, нагласува тој.

На 25 март во италијанската престолнина се потпишани двата Римски договор – со едниот се создава Европската економска заедница (ЕЕЗ), а со другиот – Европската заедница за атомска енергија ( “Евроатом”). Шест години порано – со договорот од Париз, е основана Европската заедница за јаглен и челик.

Во 1992 година со Договорот од Мастрихт е создадена Европската унија, кој се базира на Европската заедница (таа јс изгубила дефиницијата “економска” од своето име), Евроатом, заедничка надворешна политика и политика за безбедност, како и соработката во областа на внатрешните работи.

Токму поради оваа причина ЕУ слави 60 години, а не 24 (договорот од Мастрихт е потпишан во 1992 година, но влегува во сила на следната година).

Слични содржини