Судот им нареди на Бред Пит и Анџелина Џоли на дизајнерката за осветлување да и платат 565.000 евра

од desk2

Француска дизајнерка на ентериери ги тужеше Бред Пит и Анџелина Џоли затоа што не и платиле за работата што ја завршила во нивниот дворец во Прованса.


Одил Судант тврди дека поранешните сопружници ја осудиле нејзината компанија на пропаст откако не ги платиле сметките за мултимилионскиот проект за осветлување на замокот од 17 век.

Првостепениот суд во Париз им наложи на Пит и на Џоли да и исплатат на дизајнерката 565.000 евра поради штетата која ја нанеле на нејзиниот углед. Судант за Гардијан вели дека молчела за ситуацијата за тоа што мислела дека се ќе реши по мирен пат со Бред Пит.

Пит и Џоли се заљубиле во замокот Миравал откако го виделе од хеликоптер. Зградата е окружена со лозови насади и околу неа има неколку стотини хектари земјиште.

Групата Пинк Флојд на истото место во 1979 година го сними популарниот албум “The Wall”.

Бит и Џоли прво го изнајмиле дворецот, а потоа го купиле за 45 милиони евра. Го преуредиле по нивни вкус а Бред ја најмил Судант да најде начин да се искористи природната светлина во замокот и околните објекти.

Судант тврди дека искористила ткн. Зелено светло за осветлување на четири згради на имотот, вклучително и 40-собниот замок. Не е потпишан договор, за Судант тврди дека вработила 17 лица архитекти, дизајнери, стручњаци за расвета и дека месечно наплаќала накнада за својата работа од фирма во сопственост на поранешната двојка.

Две години подоцна со потрошени 25 милиони евра проекто бил недовршен, а вината ја сносат изведувачите и производителите. Кога не добила пари да ги плати работниците таа престанала со работа.
Десет дена подоцна добила маил од Бред кој и рекол да продолжи со „уметничкото патување“.

„Не знам каква е праксата во Франција, но во САД пријателите не ги напаѓаат пријателите. Мене ми се допаѓа она што го работите, Немојте да напаѓате. Да го завршиме проектот и да се гордееме со него. Премногу е добар за да заврши со лоша белешка. Животот е прекраток, пријателке. Не губете време со правни работи. Следете го своето уметничко патување и не грижете се за другото“, напишал Бред.

Таа пак се уште се бори да го добие правното признание дека е автор на осветлувањето во дворецот. Вели дека паричната глоба што и ја доделил судот е ништо во однос на она што го претрпела.
Адвокатското друштво што го застапува Пит вели дека идејата е негова, дека точно знаел што бара затоа што архитектурата му е страст.
Пит и Џоли по разводот одлучиле да го задржат замокот каде произведуваат вино и маслиново масло.

Слични содржини