Во Швајцарија ќе се оди на референдум со задолжителен карактер, а темата му е дали да бидат депортирани автоматски странските државјани, ако бидат осудени за злосторства кои се движат од убиство до возење со голема брзина, раскажува “Ројтерс.

svajcarija

Менталитетот во познатата со богатството и уреденост алпинистичка република се измести кон поставената против странците десница по проток од 1,1 милиони мигранти, кој ја зафати Европа во 2015 година, како и по серијата сексуални напади извршени претежно од северноафрикански мигранти против жени на новогодишната ноќ во Германија.

Антиимигрантската Швајцарска народна партија (ШНП), која држи околу една третина од местата во парламентот, го организира референдумот. Таа го набави потребниот број потписи, а настапи со стравувањата дека странците е можно да претставуваат ризик за швајцарскиот начин на живот.

Поткепувачката за бизнисот Радикално-демократска партија и леволибералната Социјалдемократска партија се против, и го бранат ставот дека настојувањето на ШНП е расистичко, и премногу може да им наштети на односите со Европската унија.

Швајцарија и без тоа во моментов се обидува да спасува договори со својот најголем трговски партнер, откако гласачите поддржаа во 2014 година друга лансирана од ШНП мерка за воведување на квоти за работниците од ЕУ.

Странците сочинуваат една четвртина од 8-милионското население – но и 68 проценти од затворениците во Швајцарија.

15 000 на улица за поддршка на демократијата и Валенса

Странците – од држави од ЕУ како Италија и Германија, но и десетиците илјади од Балканот и Африка, исто така, претставуваат голем дел од вработените во големите компании на швајцарска територија.

Предложениот закон предвидува странците да бидат автоматски депортирани откакоќе ги отслужат казните без да имаат право на жалба. Тоа ќе се однесува како за тешки кривични дела како убиство, силување и вооружен грабеж, така и за две полесни злосторства, ако тие се извршени во рамките на 10-годишен период, како што се брзо возење и провали.

“Секондо”, како што Швајцарците ги нарекуваат родените во Швајцарија деца на мигранти кои немаат државјанство – без меѓутоа во поимот да се става во навредувачка смисла, исто така ќе бидат загрозени од автоматското протерување, ако бидат осудени за кривично дело.

Кампањата на ШНП за референдумот е прилично директна. Има транспаренти на кои белата овца ја брка црната овца од Швајцарија. Поранешниот пратеник од ШНП Кристоф Моргели го напиша следново на Твитер: “Двајца темно-кожи мажи кои зборуваат лошо германски, извршиле сексуална злоупотреба против две жени во Арбон. Депортирани поради криминална манифестација на странци”.

За да помине иницијативата на ШНП е потребно просто мнозинство.

Истражувањата на gfs.bern покажуваат дека противниците на предлогот имаат лесна надмоќ и тој ќе биде отфрлен, иако со малку. Некои од луѓето ја отфрлија иницијативата, дури демонстрираа со транспаренти на кои крстот од знамето на земјата се претвори во свастика. Социолози очекуваат голема излезност.

“Ако помине, тоа (предлог) ќе биде гласање против големи сегменти од политичката, бизнис и граѓанската врхушка”, рече тој.

Швајцарските бизнис лидери кои вработиле доста странци во општи линии се противат на мерката, истакнувајќи дека парламентот веќе одобрил реформи за олеснување на режимот на депортациите за некои тешки злосторства.

Критичарите сметаат дека автоматските депортации ќе нја арушат Европската конвенција за заштита на правата и основните слободи на човекот во делот за семејствата, бидејќи депортираните може на тој начин да ги напуштат роднините кои зависат од нив, како и да ги стават во финансиски тешкотии.

“Лишувањето на некого од можноста да биде испрашуван или да биде потврдена личната положба пред депортација не е само раскинување на врските на швајцарско и европско судство”, рече поранешниот федерален судија Николо Разели, водач на кампањата за одговор “Не” на референдумот. “Ова е нехумано”.

Во ЕУ депортациите во целина се случуваат по специјални судски одлуки, а обидите да биде автоматизирано се наидоа на правни пречки.

Слични содржини