7 чекори за убава и здрава коса

од Vladimir Zorba

Убавата коса е прекрсана, но и треба да се одржува. Понекогаш не размислуваме колку  ѝштетиме на косата со секојдневните ритуали. Бојадисување, врзување, обработка со различни апарати на загревање  – сето тоа ја прави косата слаба и оштетена.
Како да ја направите повторно гламурозна, здрава и убава?

1. Не тријте со крпа влажна коса. Избегнувајте да ја обвивате со крпата слично на турбан, бидејќи тоа го прави влакното уште поподложено на кршење и цветање.
2. Наместо тоа соберете говишокот вода со микрофибер крпа без да триете. Тоа ќе го собере вишокот на влага и ќе ја зачува косата здрава.
3. Сушете ја косата со студениот млаз на фенот . Колку и да брзате да ја исушите косата побрзо, не го правете тоа со жежок млаз, особено ако ја сушите косата секој ден.


4. Не брзајте да ги бојадисувате корените на косата веднаш штом забележите дека почнале да растат. Наместо тоа со мека четка за шминка врз нив нанесете малку сенки за очи, еден тон потемни од бојата, со кој сте ја обоиле косата. Ова ќе создаде визуелна измама дека корените се уште не пораснале.
5. Нанесувајте шампон само од средината на влакното надолу кон краевите. Бришете добро, по што при плакнење шампонот ќе се разнесе и нагоре кон скалпот. Така ќе го заштитите од пресушување а истовремено со тоа ќе ги отстраните наталожените себум и нечистотија.
6. Позиционирајте ги правилно производите. Средствата наменети за волумен се употребуваат само во корените, додека маслата пример се нанесуваат само од средината кон краевите. Ова е важно за да изгледа косата  уште поубаво.
7. Немате време за миење на косата? За итни случаи користете го овој трик – истурете малку бебешка пудра во дланките, измешајте ја добро меѓу прстите и со енергични движења нанесете по корените и мрсните зони. Потоа поминете со млак млаз на фенот.

Слични содржини