Почетна / Магазин / Убавина и Здравје / 7 неочекувани знаци кои откриваат дека имате висок притисок

7 неочекувани знаци кои откриваат дека имате висок притисок

Високиот притисок е тивок убиец, бидејќи без предупредување може да доведе до болести на срцето, мозочен удар, застој на бубрезите и прерана смрт.

Повеќето луѓе живеат со хипертензија и не се свесни за опасноста која оваа болест ја носи со себе. Постојат различни толкувања , но се верува дека тоа е состојба во која крвниот притисок е над 120/80 mmHg. Многумина поради негативното влијание на здравјето ја означуваат како болест на модерното време.Особите кои имаат хипертензија , прво би требало да се обратат на лекарот, бидејќи тој најдобро знае што и како понатаму. Неопходно е да ја промените исхраната, да преминете на диета, редовно да вежбате и да ги земате препишаните лекови. За среќа , зголемениот крвен притисок може да се регулира, затоа сфатете го ова последново како предупредување за вашето здравје.

Ова се седум симптоми на хипертензија на кои би требало да обрнете внимание.

Сува кожа и нејзино прерано стареење

Ако се грижите за својата кожа, но започнувате да изгледате доста постаро од врсниците, можеби е во прашање висок крвен притисок. Овој симптом најчесто се јавува кај жените, особено на возраста од 40 до 49 години. Стареењето е составен дел од животот, но брзата појава на брчките и сувата кожа можат да укажат дека нешто не се служува добро во вашето тело.

Оштетување на окото

Нормално е видот да се расипува како старееме, но точките крв и наглото губење на видот може да значи нешто многу посериозно. Очите како и бубрезите зависат од здравиот проток на крвта.

Зачестено мокрење

Зачестеното мокрење може да биде последица на рутинската инфекција на бешиката. Сепак, може да значи и хипертензија. Тоа се случува затоа што срцевиот мускул слабее кога е висок крвниот притисок, што понекогаш доведува до оштетување на крвните садови во бубрезите. Ако не се лечат, оваа состојба може да доведе до болести на бубрезите или дури до бубрежна инсуфициенција.

Вртоглавица

Иако не е директен знак на срцев удар, одеднаш вртоглавица е еден од првите симптоми на мозочен удар. Не би требало да ја пренебрегнете, посебно ако се јавуваат заедно со замаглен вид, укоченост или конфузија, тогаш морате итно да посетите доктор.

Замор

Хроничниот замор е нормална работа ако имате новороденче во куќата и страдате од несоница. Чувството на слабост и замор значи многу работи ,  а една од нив е и високиот крвен притисок.

Болка во стомакот

Ако страдате од мистериозни стомачни болки кои е тешко да се дијагностицираат вашата болест може да има врска со крвниот притисок . Истражувањата покажаа дека пациентите кои имале хроничен пролив, надуеност и грчеви во стомакот, почувствувале напредок кога преминале на диета и физичка активност.

Дебелина

Дебелината е причина , а не нужно и симптом на високиот крвен притисок. Сепак , би требало да бидете свесни за ризикот кој го носи вишокот килограми. Пропратни појави на прекумерната тежина се дијабетесот и високиот холестерол.

С.В.