7 повредени граѓани побарале лекарска помош

од Vladimir Zorba

Седум повредени граѓани успеале да се извлечат од толпата пред Собрание и побарале лекарска побрале во Градската хируршка болница„Св. Наум Охридски“, пренесува Нова Тв. Меѓу нив има еден од обезбедувањето, а нема донесено ниту еден пратеник.

Сите се граѓани кои добиле удари по главата и вратот. Откако им била пружерна лекрска помош тие се пуштени дома, задржан е само вработениот во обезбедувањето кој има контузија на мозок и во моментот е на интензивна нега.

Во моментов 3 амбулантни возила укажуваат помош на повредените пратеници внатре во Собраниската зграда.

Според последните информации повредени се Зоран Заев, Максим Димитриевски, Дамјан Манчевски и Зијадин Села.

Пред 10 минути полицијата на раце изнесе повреден граѓанин низ главниот излез од Собранието, откако претходно се слушна силен татнеж кој според неофицијалните информации бил предизвикан од шок бомба фрлена од полицијата.

Слични содржини