7 совети како да ги разберете подобро жените од знакот Девица

од Vladimir Zorba

Жените Девица (родените меѓу 24 август – 23 септември) се интелигентни и секси, истовремено. Тие исто така се срдечни, сериозни и многу воспитани.8663b85f140dcb0e15c8e0dd7d6ed128

Проблемот им е дека се доста тешки и лесно лутливи по природа, со што некои мажи не можат да се навикнат лесно. Покрај тоа, тие имаат тенденција да се затвораат во школка, ако некој се обидува да им се наметне премногу агресивно.

Генерално, овие дами се многу грижливи за своите пријатели, семејство и домашни миленици. Тие умеат да сакаат силно и длабоко, иако се плашат тоа да го покажат.

Ако жената Девица ви го маѓепсала срцето, добро е да ги имате овие работи во предвид, за да ја запознаете малку подобро:

1. Секогаш обрнувајте внимание на напорите што таа ги вложува за себе

Жените Девица секогаш работат напорно на себе и во однос на својот изглед, и во однос на личното усовршување. Тие, сепак, очекуваат мажот во нивниот живот да ги забележи овие напори и од своја страна исто така да вложуваат во односите со нив, а и да се грижат за неговиот изглед.

2. Таа го негува нејзиниот интелект

 Девите се познати по тоа што имаат методички пристап кон животот, што значи дека тие секогаш мислат пред да дејствуваат. Ако уживате со жена Девица, настојувајте да размислувате, како неа, подолго пред да донесете одлуки – таа ќе е многу задоволна. Покажете ѝ дека го  цените нејзиниот интелигентен пристап кон работите. Сослушајте ја кога сака да побие дадена теза со аргументи! Воопшто слушајте го нејзиниот начин на размислување.

3. Поминувајте повеќе време со неа

 Жените Девица имаат склоност да се губат во своите мисли понекогаш. Токму за тоа, ако имате врска со дама од овој знак, е добро почесто да ѝ правите друштво, да ја повлекувате со различни забави и настани, да ја изведувате на културни настани и др. Изненадите ја со еднодневни екскурзии и со вечери на свеќи редовно. Ова ќе ја натера да се одвои и да го смири вашиот ум.

4. Не го мешајте нејзиниот интроспективен карактер со срамежливост

Жените Девица ретко се срамежливи. Напротив тие се премногу замислени и контемплативни – тие имаат тенденција да поминуваат часови во разгледување на една, не толку важна работа. Ако вашата Девица се утаи и се умисли, обидете се да ја натерате да зборува за она што ја мачи. На почетокот таа може да не сака тоа да го сподели, но ќе го цени вашиот предлог и желбата да ја слушне.

5. Помагајте ѝ, дури и кога таа нема да  ви побара помош

Една од работите кои никогаш нема да ги слушнете од жена Девица, е да моли за помош. Овие дами се внатрешно убедени дека можат сами да се справат со сите предизвици во животот и тие ретко бараат нечие туѓо мислење или помош. Во исто време тие се дразнат дека никој не им нуди помош кога се видливо натоварени со обврски и тоа  може длабоко ги разочара (особено кога е нивен близок човек).Длабоко во себе силната Девица исто сака маж кој ќе се грижи за неа.

6. Заборавете за грубото однесување

 Жените Девици не ја толерираат грубоста, дебелите шеги и простите коментари во никакви ситуации, дури и за време на забава. Дама од овој знак си бара галантен маж кој секогаш и во сите ситуации се однесува мило и воспитано.

7. Не ги занемарувајте малите нешта

Методичната жена Девица е перфекционист по природа и често изгледа малку претрупана. Таа обрнува внимание на најситните детали во животот и не е склона многу-многу на компромиси. Ако сакате да ѝ докажете на вашата Девица колку ја сакате, обидете се и вие да го организирате вашиот живот повеќе темелно – буквално и фигуративно.

Слични содржини