Осум години по неговата смрт, сеќавањето на трагично починатиот Тоше Проески не бледнее. Најдобар доказ за тоа се десетици музичари кои се собраа и свиреа во негова чест.

08.02.tosedokumentarec

Познатиот гитарист Влатко Стефановски одржа на почетокот на летото работилница за гитари во Крушево, каде собраните гитаристи од сите делови на поранешната Југославија свиреа за Тоше.

Дури 70 музичари од сите генерации заедно ја отствираа неговата песна „Излажи ме“ на воодушевување на собраните граѓани.

Македонскиот славеј Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во октомври 2007 година.

Слични содржини