Нема побизaрно шоу од ова: „Екстремни скржавци“ се хранат од контејнери, продаваат делови од телото

од desk2

Најбизарното ријалити шоу „Екстремни скржавци“, кое се прикажува на американскиот канал TLC, открива колку луѓето се подготвени за да заштедат, па одат толку далеку што дури продаваат делови од телото.

Еден учасник , кога слушна колку пари може да добие, го продаде својот тестис, а потоа вгради имплант. Тоа му испадна поевтино.

Учесницитe до таа мера се опсесивни да заштедат што постојат и такви што место во ресторан се послужувааѕ во контејнер, но и оние кои се капат еднаш до два пати месечно за сметката за струја да им биде помала.

Поединци користат марамици повеќепати, уринираат во шише, а некои воопшто не користат тоалетна хартија. Кесичките со чај ги варат неколкупати, а еден учесник ги мие садовите и алиштата заедно.

Ианку, ова ријалити шоу покрај животите на натпреварувачите ги следи животите и на нивните семејства.

Слични содржини