-8 Маврово, -5 Крушево Берово, -4 Пожаране, -3 Тетово, -2 Куманово, Битола, Скопје…

од Vladimir Zorba

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во  07 часот).

1 Охрид, 4 Штип, Прилеп, 6 Куманово, Виница, Претор, 7 Д. Капија, 11 Тополчани, 12 Кр. Паланка, 14 Скопје, 15 Скопје Петровец, 18 Струмица, 19 Битола, 22 Крушево, 25 Тетово, 28 Ѓуриште, 29 Берово, 41 Пожаране, 64 Маврово, 71 Лазарополе.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-8 Маврово, -5 Крушево, Лазарополе, Берово, -4 Пожаране, -3 Претор, Ѓуриште, Тетово, Тополчани, -2 Кр. Паланка, Куманово, Струмица, Битола, Скопје, Прилеп, Скопје Петровец, -1 Д. Капија, 0 Штип, Дојран, Охрид, Гевгелија, Виница.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

1 Охрид, Кр. Паланка, 2 Тополчани, Прилеп, Штип, Виница, 5 Ѓуриште, Крушево, Струмица, Берово, 6 Претор, Лазарополе, 7 Скопје, Тетово, 8 Дојран, Д. Капија, 9 Маврово, 11 Пожаране, 12 Гевгелија, Битола.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Облачно со повремени врнежи од снег, само на   пониските места на југоисток,  на југоистокот врнежите се  од дожд и снег.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Облачно со повремени врнежи од снег, само на   пониските места на југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец. Температурата ќе достигне од 0 до 6 степени.

Скопје, облачно со повремен снег и со слаб ветер од источен правец. Температурата  ќе достигне  до околу 2 степена.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во  крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со  променлив интензитет, и доста изобилни, каде  се очекува да да наврнат над 30 л/м2 воден талог, особено повеќе ќе  бидат застапени во јужните и југоисточните делови од земјава. Најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 см нов снег. Од петок се очекува извесно стабилизирање на временската состојба.

Слични содржини