8 продукти – суперхрана за енергија

од Vladimir Zorba

Некои видови храна содржат аминокиселини коишто му помага на телото да произведува серотонин.


ореви
Оревите содржат триптофан – важна аминокиселина, му помага на телото да произведува серотонин. Овој таканаречен “Хормон на среќата” се грижи за нашето добро расположение и ни помага да се избориме со стресот.

аспарагус

Аспарагус е еден од најдобрите извори на фолна киселина, позната уште како витамин B9. Таа е потребна за синтеза на хормоните – допамин, серотонин и норадреналин. Тие од своја страна, пак, ни помагаат да се справиме со лошото расположение.

свеж лук

Овој вкусен пролетен зеленчук содржи алицин, одговорен и за специфичниот мирис. Но може да направи и чуда со нашата фигура, бидејќи ни помага во борбата со килограмите. Алицинот нè штити од прејадување и го стимулира чувството на ситост во мозокот.

мешункаста храна
Гравот и другата мешункаста храна се препорачуваат, особено ако сме на диета.

 

спанаќ

Спанаќот е одличен извор на железо, исто така е и важен елемент во составот на црвените крвни зрнца – кои се грижат да се снабди крвта со кислород, а со тоа и со енергија.

артичок

Ако сте задишани додека одите по скалите, значи треба да јадете артичоки. Највреден во него е минералот магнезиум чиешто отсуство во организмот ни создава чувствуво на замор. Еден просечен артичок содржи 77 mg магнезиум, а потребната дневна доза за жени е 320 mg.
јагоди

Јагодите имаат во својот состав многу антиоксиданси и витамин Ц, кои и помагаат на кожата да се справи со брчките и дехидратацијата. Тие може да не се толку мазни, но ја направат таква кожата. Ако си направите домашна маска за лице од јагоди ќе останете фасцинирани од резултатите.

јајца

Жолчките на јајцата се богати со холин. Овој хранлив елемент му помага на телото да формира ацетилхолин, важен за меморијата. Препорачаната дневна доза холин е 425 mg, а во едно големо јајце има 147 mg.

боровинки

Ако јадеме редовно боровинки, ќе имаме добра меморија. Тајната состојка во овие плодови е антиоксидантот антоциан кој ги зголемува сигналите во мозочните клетки и ја подобрува вештините да учиме и да помниме.

Слични содржини