9 дена нема трага од бизнисменот Сеад Kочан

од desk2

Одлуката на Апелација за делумно уважување на жалбата на одбраната на Сеад Кочан е сомнителна за поранешниот обвинител Александар Наков, пренесува Алсат М.

Тој вели дека и покрај тоа што решението за притвор ќе мора да се продолжува поради недостапноста на Кочан за органите на правдата, оценката на судот дека тој не може да влијае на сведоците и не може да го повтори делото, отвора простор за правни маневри на одбраната.

“Првиот основ за бегство е задржан и прифатен, како постоечки а другите се уважени од страна на одбраната и доаѓаме до една нова ситуација сега, во смисла на тоа дека и намерата при донесувањето на одлуката што понатаму во поглед на правата на обвинетиот. Кои права согласно Законот за кривична постапка ги има. Целта веројатно на одбраната е да дојдат до ново решение, до нова одлука во смисол на давање гаранција или имот каков било во пари или недвижности или куќен притвор евентуално.” – изјави Александар Наков, поранешен обвинител

9 дена полицијата и Интерпол не можат да му влезат во трага на Сеад Кочан, кој речиси паралелно со носењето на одлуката за притвор влегол во Србија.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини