-9 Лазарополе, Маврово, -8 Берово, -7 Кр. Паланка, -6 Тетово, Скопје , -5 Куманово..,

од Vladimir Zorba

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

17 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-9 Лазарополе, Маврово, -8 Берово, -7 Кр. Паланка, -6 Тетово, Скопје Петровец, -5 Куманово, Д. Капија, Крушево, -4 Претор, Штип, Струмица, Прилеп, -3 Битола, Пожаране, Виница, Охрид, Скопје –Зајчев Рид, -2 Ѓуриште, -1 Тополчани, 0 Дебар, 2 Гевгелија, 4 Дојран.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта времето беше ведро и студено со слаб ветер од северозападен правец. Утринава во земјава преовладува сончево и студено време, речиси насекаде утринските температури се негативни, само во Гевгелискиот регион е измерена позитивна температура. Дува слаб ветер од северозападен правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер.Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 степени.

Скопје Сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 11 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работната седмица ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Под влијание на топла воздушна маса температурите ќе бидат во порас. Извесна промена на времето се очекува за време на престојниот викенд со повремени локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, особено во сабота.

Слични содржини