9 намирници кои го лекуваат високиот крвен притисок

од Vladimir Zorba

Дали знаете дека со храна може ефикасно да го намалите високиот притисок?

Високиот крвен притисок е проблем со кој се соочуват насекаде низ светот. Најчесто крвниот притисок се зголемува кај постари лица и кај луѓе кои се метеозависници. Кога имаме висок крвен притисок пиеме апчиња кои помагаат за негово намалување, но како и сите други лекови, тие имаат негативно влијание врз нашето здравје. Покрај тоа, не сите од нив помагаат, во некои случаи поради неправилна употреба, а во други поради привикнување на организмот кон нив, па корисно е да знаеме и кои производи можеме да ги користиме за намалување на крвниот притисок.
Еве и некои од производите, кои позитивно влијаат на крвниот притисок:
Компири
Обичниот компир го содржи потребното количество за организмот на калиум и магнезиум. За возврат магнезиумот го подобрува протокот на крв, а калиумот совршено ја апсорбира солта од телото, којашто на еден или друг начин влијае врз крвниот притисок. За достапноста на компирот дури не треба да зборуваме, бидејќи тие се главно јадење на речиси на секое семејство.
Спанаќ
Спанаќот содржи малку калории, освен тоа е богат со калиум и магнезиум, како и фолна киселина и целулоза. Сите овие компоненти на спанаќот се корисни за здравјето на луѓето, особено за нормализирање на крвниот притисок.
Грав
Големото количество на магнезиум, калиум и растителни влакна во гравот имаат позитивен ефект врз срцето. Покрај тоа, гравот содржи супстанции кои ја подобруваат работата на крвните садови и го намалуваат притисокот во нив.
Соја
Содржина на калиум и магнезиум во сојата го прави овој производ особено корисен за луѓето кои имаат проблеми со крвниот притисок. Сојата е одлична гарнир кон секое јадење, ако вас веќе имате проблеми со крвниот притисок.
Семиња
Семки од сончоглед можат да се пофалат со висока содржина на магнезиум. Најдобро е да се консумираат не солени, бидејќи солта може да се одрази негативно врз крвниот притисок. Препорачливо е да се консумираат секој ден, по не помалку од една четвртина чаша.

Црна чоколада
Темната чоколада, според истражувањето на американските научници, придонесува не само за справување со прекумерната тежина туку и за намалување на крвниот притисок. Таа е идеално решение, ако сакате да си јадете благо, но во исто време не сакате да добиете вишокот килограми. Познато е дека чоколадата исто така придонесува за подобрување на расположението – едно парченце црна чоколада е доволно за да ви предизвика позитивно расположение во текот на целиот ден.
Банани
Бананите се одличен извор на калиум. Ако конзумирате за појадок само по еден банана, тоа ќе биде доволно да се задржи балансот на калиум во организмот во текот на целиот ден.
Лимон
Друг производ кој идеалено помага во намалување на крвниот притисок е лимонот. Може да ја исече на парчиња и да се јаде или да се исцеди како сок. Во дадениот случај лимонот на парчиња е повеќе корисен, бидејќи кората му е богат со важни материи за организмот.
Млеко
Кравјото млеко значително го намалува холестеролот. Покрај тоа, комбинацијата на калциум и витамин Д во него, може да го намали крвниот притисок во организмот за околу 3-10%.

Ова се најпопуларните производи кои се користат за намалување на крвниот притисок и за превенција од хипертензијата. Јадете барем некои од нив, по можност сите и ќе забележите дека крвниот притисок се враќа во нормала.

Слични содржини