90 проценти од компаниите имаат потреба од странски експерти

од Vladimir Zorba

90 проценти од домашните претпријатија повторно би аплицирале на проектот „Странски експерти за домашни компании“, поддржан од швајцарската и други амбасади, информираат од Владата каде што беше промовиран на третиот јавен повик за проектот „Странски експерти за домашни компании“.

„Суштината на овој проект е да се пренесат искуствата од странски експерти во македонските компании со цел да се примени нивото на новите технологии во нашите компании, нивото на соработка со странски компании што имаат поголемо искуство во примената на новите технолошки достигнувања и менаџирање. Овој проект треба да им помогне на домашните компании да го зголемат својот капацитет и своите знаења за да можат да бидат поконкурентни на светскиот пазар“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Досегашните постигнувања од овој проект покажуваат дека дури 78 проценти од компаниите се задоволни од користењето на странска експертиза. Рокот за пријавување на овој трет повик е до 29 јули.

На настанот присуствуваше амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада која рече дека Швајцарија учествува со поддршка во 14 економски проекти во земјава, како и претставници на стопанските комори.

Слични содржини