Веста за апсењето на новинарите ja шокираше медиумската заедница во земјата и предизвика остри меѓународни реакции

20151127.apxcpgzzwi

Да, Европа сака нешто од Турција, но тоа не значи дека треба да ги затвора очите за посегање против демократијата во оваа земја, коментира Седан Сердар по актуелниот  повод: приведувањето на двајца критични новинари.Турскиот суд пресуди притворањето на двајца новинари, а обвинението гласи: издавање на државна тајна.

“Престапот” на Џанг Дюндар и Ердем Ѓул се состои во тоа дека откриле тајни информации за оружени испораки на турските власти наменети (најверојатно) за Туркменистанци во Сирија. Со други зборови: двајцата новинари од весникот Џумхјуриет” се казнети за тоа што го направиле нивната работа. Веста за нивното апсење  ја шокираше медиумската заедница во земјата и предизвика остри меѓународни реакции.

На турски новинари им се заканува доживотна робија

Иако претседателот Ердоган им  се закани на новинарите уште во текот на летото, кога излезе статијата  за турските вооружени испораки, но  судот се активира дури сега. Во време кога односите меѓу Турција и Русија се затегнати до кинење – како елемент од битката за превласт во Сирија и регионот, расправијата  со критичните турски медиуми не смее да биде претрупвана само со неколку критични декларации. Нешто повеќе дури: таа во никој случај не смее да остане без последици!

Да си новинар во Турција

Не само весникот “Џумхјуриет” се пече на таков оган – турските власти ги “горат’  сите новинари во земјата, кои се чепкаат во скриените од јавноста  дела на турската влада. Во Турција се врши болна  транзиција кон демократија, а новинарите се во првите редови на оваа битка. Во последните десетина години правото на јавноста да биде информиран доби сериозни удари, а сегашното решение на турскиот суд е само уште еден доказ за тој  алармантен  развој. Дека новинарите  во Турција се прогонувани, бидејќи си ја вршат работата, е реалност  можеби дури и нервоза  од фактот дека судскиот систем не е во можност да се брани. Особено загрижувачки е и тоа дека , откривањето  на криминални практики се смета како предавство. А вистинската цел на таквите судски процеси е јасна: да биде затворена   устата на медиумите и да биде пригушен секој критичен глас кој ги става под сомнение одлуките на властодршците.

Во неделата во Брисел ќе се одржи мини-самит меѓу ЕУ и Турција, на која турскиот премиер Давутоглу ќе разговара со европските лидери. Форумот се свикува поради бегалската криза, но гостинот од Анкара тајно се надева да издејствува рестартирање на преговарачкиот процес за членство на Турција во ЕУ. Во таа смисла Брисел може да и помогне на Турција да се врати назад кон демократскиот пат на развој. Уште повеќе што и двете страни можат да си бидат заемно корисни во мастеринг на кризата со бегалците.А случајот со двајцата приведени новинари покажува дека демократијата во Турција и треба повеќе од кога да е  и од Европа и нејзините демократски стандарди. ЕУ од своја страна треба да разбире дека ако сака да има сигурен партнер во регионот, треба да помогне за демократизацијата на Турција.

Втора шанса

Голема грешка направи германската канцеларка Ангела Меркел – покрај кршењето на демократските стандарди, таа ја посети земјата за разговори по бегалската криза . Сега Европа добива втора шанса да  се покаже на светот дека европските вредности не се само на хартија. Овие вредности беа нападнати во Париз, а сега се подложни на тест и во Турција. И е крајно време европските лидери да заземаат јасна позиција.

Слични содржини