Нуланд доаќа денеска во Скопје. Но таа уште од Приштина почна со пораките и вестите за Македонија.

нуландкаЗајакнување на владеење на правото и борба против организираниот криминал и корупцијата е првата лекција за Приштина. За нас мислите дека ќе биде друга прва порака.Прво тоа го најави и Џес Бејли од Скопје, а секако дека тоа се гледа  и од нејзината агенда. Првата средба не и е со премиеорот,министрите или претседателот,  туку директно со Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева .

 И ако е така,  кога  на високиот гостин од САД,  помошникот државнен   секретар на САД за европски и за евроазиски прашања Викторија Нуланд, на списокот на  официјални лица со која денеска  ќе има средба во Скопје е СЈО, тогаш се е јасно што се бара.

Викторија Нуланд денеска  за време на краткиот престој треба да се сретне и со политичките лидери на 4-те партии потписнички на Договорот од Пржино.

Очигледно е дека таа ќе зборува, не и се потребни сознанија и надмудрувања  што е кој е и што  се случува. Нуланд потоа ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество. Општо во најавите се дека Нуланд сите ќе ги потсети каде се наоѓаат и во кој контекст во регионот,  што е решението а што продлабочување на кризата, поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство и како до создавање на  услови за веродостојни избори. За висстински излез, нив мора да ги има така како што треба,со сите стандарди и кредибилност.

НА списокот на денешните состаноци на помошникот државна секретарка на САД не се претседателот Ѓорге Иванов, и замнескиот премиер Емил Димитриев, што значи таков протокол не им е потребен.gruevski_1904_g111_3-640x437

Колку за најава, американскиот  амбасадор во Скопје Џес Бејли, викендов во интервју за „Утрински весник“ ги најави темите за разговор на Нуланд. Тој рече дека сега е најважно да се имплементира договорот од Пржино и од четирите политички партии да се отвори пат за изборите.

„Доколку може да се одржат избори, тие не треба да бидат одложени. Тие може да ја одведат земјата напред со влада која е целосно легитимна и не е инфицирана од скандали“, рече Бејли и додаде:Во интервјуто Бејли има прецизен одговор и на прашањето за потреба од формирање Специјален суд кој ќе ги процесира случаите на Специјалното обвинителство.

„Дали канцеларијата на Специјалното јавно обвинителство ќе може да спроведе истраги на непречен и професионален начин е вистинскиот тест за владеењето на правото во земјата. Врз основа на извештаите на ЕУ, на нашите оценки, па и на анкетите на македонските граѓани, постои недоверба во вашиот судски систем. Процесот што се бара е предизвик за судството и според нашето искуство што го имаме од работата со судовите и јавните обвинителства, верувам дека има судии во Македонија кои се сосема способни да процесираат случаи на непристрасен начин, во согласност со правилата и процедурите“, вели американскиот амбасадор.

Денешната висока гостинка од САД, регионален и кризен дипломатски булдожер , е јасно зошто е тука, да го каже уште подиректно тоа што Бејли го најави. Како и во Приштина главната вест е владење на правото, работа на СЈО, Специјален суд за да ја ефектуира работата на Катица Јанева и расчистиување со корупцијата и криминалот организиран од политичките елити врзани со сомнителни бизниси, трансакции и бизнис елити.

И можеби тоа не е се. Зад затворените врати секогаш се кажува и клучната порака.1_ljubcogeorgievski_makfaks Можни ли е  како што тоа бива во вакви тешки кризни моменти за државата, овојпат да биде : тој кој ја дотерал, ја заглавил Македонија, и финансиски и политчки, ги заглавил евроинтегративните процеси, и ја носи државата кон поделба меѓусебен братоубиствен судир , и ја враќа назад државата,  да добие првата понуда-  самиот да се повлече од политичката сцена? Така некако  како што тоа го направија  стилски со големиот војвода  на ВМРО ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, како што тој исчезна од политичката сцена  со целиот свој габарит сосе се од „заработеното“    и  „ патриотизам„ и „вмровштина“ и целиот тој пакет .

НАТО  на последниот самит во Варшава  се многу јасни , тука сте каде што сте, не ве бркаме но сега покрај името имате уште еден јасен  услов- спроведување на договорот од Пржино.! .

ЕУ го кажа својот збор, услови и кредибилни избори или  расчистување на прислушуваните „бомби“ од СЈО, медиумски реформи , па избори. Санкциите кои не се гласни,  но многу се јасни почнуваат да дејствуваат.

Москва исто се замеѓува и преку портпарол додуша ама го кажа своето дека странците(една амбасада) ја тераат таа  „обоената револуција“ од Украина и портокаловиот Јушченко до сега по Балканот и Македонија. Тоа било мешање во внатрешни работи.

Нобез НАТО , и едните и другите за жал се само спотери на амбиентот, на овој дел на Балканот , и за жал или среќа, таму каде што се кризите главниот збор го имаат Американците. Нуланд е тој недрагиот гостин кој посочува со прст, токму во име на тие, Американците.  Таа  вчера ја почна регионалната турнеја со Косово и Албанија, а покрај Македонија ќе ги посети и  Србија, Кипар, Грузија, Украина и Полска. Но да го почекаме Скопје.

Брзната на оддржување на лидерска средба ,  по посетата,  всушност ќе ја каже сериозноста, насоката  и разбраното по заминувањето на Нуланд.

Ад

Слични содржини