Вчера сите политичари многу силни, и од власта и од опозицијата. И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се прoизнесоа за избори, а покрај  ДС на Трајанов и СДСМ поднесе предлог за распуштање на изборите…се беше трка кој побрзо ќе поднесе… А подоцна во денов Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски точката за распуштање на Собрането ја стави како дополнување на дневниот ред на седницата закажана за 17 октомври веднаш по точката која се однесува на усвојувањето на Буџетот за 2017 година.

izbori-1

– Претседателот Вељаноски, почитувајќи ги во целост преземените обврски согласно разговорите на најголемите партии со посредство на меѓународната заедница, ја информира јавноста дека точките за распуштање на осмиот состав на Собрането ќе бидат дополнети на дневниот ред на седницата која е закажана за 17.10.2016 година, после точката која се однесува на усвојувањето на Буџетот за 2017 година, се наведува во соопштението од кабинетот на Вељаноски во врска со последните активности на дел од пратениците од опозицијата за распуштање на осмиот состав на македонскиот законодавен дом, а во согласност со договорите што беа водени со посредство на меѓународната заедница-посочија до неговиот Кабинет.

И сето тоа и не е многу чудно ако се знае дека сеуште не се најде решение за поголемиот број на гласачи во 6-тата изборна единица… При просчистувањето ДИК во 6-та изборна единица конастатираше дека има 310.721 избирач и има отстапување од 5,28% во однос на другите изборни единици.

А членот 4 ст.7 од Изборниот законик е јасен:

(7) Во изборните единици во Република Македонија бројот на избирачите може да отстапува најмногу од минус 5% до плус 5% во однос на просечниот број на избирачи во изборната единица.

Значи имаме законско отстапување од 0,28% во однос од другите изборни единици, и со тоа се доведува во прашање еднаквоста на гласот на сите гласачи. Фактички е нарушено активното и пасивното изборно право на граѓанинот- да бира и да биде избран.

Иако партиите дебатираа за оваа тема, законските измени не се спроведа за да се изедначи правото на глас меѓу сите гласачи, а сега веќе наголемо се ита кон избори…

ДУИ откако првично без загрижени “многу”, сега не се загрижени веќе за отстапувањето.

На прашање што ако се прифати предлогот за распуштање , дали во тој случај ќе остане да виси решавањето на шестата изборна единица, односно проблемот со вишокот гласачи Џафери посочи:

„Шестата изборна единица не е проблем на ДУИ, тоа е проблем на државата и досега требаше да се расчисти тоа прашање“- изјави Џафери.

И сега имаме состојба “ајде ура на избори” , а никој не ја цени законитоста и легимноста на изборите ако има отстапување во гласачите. А што ако се најде некој кој ќе ги оптужи сите поединечните акти донесени во изборната постапка, и ги одложи изборите поради кршење на гласачкото право и човековото право на народот да го изрази сопственото политичко мислење гарантирано со чл.3 од Протоколот кон Конвенцијата за заштита на човековите права од 20 март 1952 година. Сепак изборите се надлежност на Управниот суд… а секој граѓанин може да ја тужи државата за кршење на човековите права…

Управниот суд е надлежен да решава:

– за законитоста на поединечните акти донесени во изборната постапка и на поединечните акти за избори, именувања и разрешувања на носители на јавни функции, ако тоа е определено со закон, како и за актите за именување, назначување и разрешување на раководни државни службеници, ако поинаку не е определено со закон,
– за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата и носителите на јавни овластувања, донесени во форма на пропис, ако тие ги уредуваат поединечните односи.

Чл. 3 од Протоколот кон Конвенцијата за заштита на човековите права од 20 март 1952 година

Право на слободни избори

Високите страни договорнички се обврзуваат во разумни интервали да организираат слободни избори со тајно гласање, под услови што му овозможуваат на народот слободно да го изрази своето мислење за изборот на законодавнототело.

И судот ако барем малку ја цени законитоста на Избирачкиот список во сите 6 изборни единици, нормално ќе треба да го забрани ваквото спроведување на изборите и да ги ОДЛОЖИ… а кој има корист од одлагање? А да се потсетиме на “бомбите” како се избирале судии во овој суд !?

А кој има корист од алиби пред Хан и остантите западни претставници за одложувањето на изборите, еве демек “не сум јас виновен, другите се виновни”… Се се знае… ама медиумите се политика, а се останато е присила…

 

 

Филип Ѓурчиновски

Слични содржини