Абас ги суспендираше сите врски со Израел

од desk2

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги суспендираше сите официјални контакти со Израел додека не бидат укинати безбедносните мерки во светилиштето во Ерусалим.


Палестинците со денови се судираат со израелските сили пред светилиштето, а вчера загинаа три лица за време на протестот по повод поставувањето на детектори за метал на влезот пред комплексот на Ридот на храмови.
Ова место е свето и за евреите и за муслиманите.

„Прогласувам суспензија на сите контакти со израелската страна на сите нивоа додека не бидат поништени сите мерки во џамијата Ал Акса и додека не биде заштитен статус кво“, рече Абас во телевизиското обраќање пред состанокот со своите соработници.ж

Џамијата Ал Акса се наоѓа во комплексот пред кој минатата седмица во оружен судир беа убиени двајца израелски полицајци. Израел после тоа ги зајакна мерките на безбедност, и нареди поставување детектори за метал.

Слични содржини