Брзината со која дејствуваше Уставниот суд и нетранспарентното одлучување беа во голема мера без преседан, изјавија од Американската амбасада за порталот „СакамДаКажам.мк“. Институциите ја градат довербата преку транспарентност и држење до востановените процедури. Активноста на Судот се чини е спротивна на неговите процедури, велат од Амбасадата.

amerikanska-ambasada-sad

„Уште повеќе што, за да се одговори на проблемите со изборните нерегуларности на кои укажува извештајот на Прибе, и да се одржат „слободни и фер избори, во целосна ускладеност со европските стандарди“, како што е предвидено во договорот од Пржино, македонските институции мора да демонстрираат посветеност на тие стандарди, меѓу кои и сериозност во одвраќање, откривање и, кога ќе се случи, казнување на изборна измама.

Целосен извештај од вкрстената проверка на ДИК

За жал, многумина во Македонија го интерпретираат тајмингот и затворената, забрзана постапка на одлучувањето на судот како ширење на неказнивоста за изборни злоупотреби. Ова не помага да се изгради довербата на граѓаните во системот“, ја коментираат одлуката на Уставниот суд од амбасадата на САД во Скопје.

Слични содржини