АББА се собираат за нов проект

од Vladimir Zorba

Музичарите од легендарната шведска група АББА се собираат за нов проект, пишува The Guardian.5134892 Шоуто, над кое групата ќе работи заедно, заедно со поранешниот менаџер на Spice Girls Сајмон Фулер, беше најавено како иновативен проект, со користење на современите технологии на виртуелната реалност.

Според организаторите, тоа ќе ѝ овозможи на новата генерација фанови да ги види и чуе AББA такви какви што не сте ги замислиле. Детали околу проектот ќе бидат објавени во 2017 година, а неговата премиера е закажана за 2018 година.

Во јуни оваа година музичарите од AББА за прв пат од 1982 година учествуваа заедно во мал концерт на приватна забава во Стокхолм, за да ја одбележат 50-годишнината од пријателството меѓу Бјорн Улвеус и Бени Андерсон.

Пред тоа членовите на групата категорично ја отфрлија можноста да се соберат. Музичкиот квартет е основан во 1972 година. За 10 години групата AББA издаде осум албума.

Создадениот во 1999 година мјузикл “Mamma Mia!”, кој се основа на песните на групата, е гледан од околу 60 милиони луѓе во светот.

Слични содржини