Адам Клејтон од U2 стана татко на 57 години

од Vladimir Zorba

Басистот на рок групата U2 Адам Клејтон и неговата сопруга Маријана де Карваљо имаат
девојче.

Веста беше објавена од среќните родители во в. “Ајриш тајмс”.
“Адам и Маријана Клејтон се среќни да го споделат раѓањето на нивното најубаво девојче Алба”, гласеше краткото соопштение.
Фронтменот на U2 Боно откри дека двојката чека бебе на концерт од турнејата “Тhe Joshua
Tree” на бандата, кој се одржа на 8 јули во Лондон.

Адам, кој сега е на 57 години, и Бразилката Маријана се венчаа во Даблин во 2013 година.

Иако претходно таа работеше како адвокат, сега е директор на галерии на современа уметност
во Лондон и Њујорк. Рок музичарот бил свршен и за супермоделот Наоми Кембел.

Слични содржини