Aдел ги посети жртвите од изгорената зграда во Лондон

од Vladimir Zorba

Адел се појави пред зградата-факел Grenfell Tower во Лондон во средата вечерта (вчера). Силен пожар ја опустоши зградата вчера, а според последните податоци 12 лица загинаа, а десетици се повредени. Според неофицијални извори жртвите може да надминат 50.

Добитничката на “Греми” дојде на бдеењето во поддршка на жртвите и повредените и насолзена ги прегрнуваше и смируваше настраданите луѓе.

Познатиот британски готвач, телевиски водител и автор на кулинарски книги Џејми Оливер пак вети бесплатна храна и пијалаци за сите настрадани од пожарот. Тие се поканети од страна на Оливер во неговиот ресторан “Џејмис италиан” во трговскиот центар Вестфилд кој се наоѓа недалеку од опожарениот станбен блок.

“Храната и пијалаците се бесплатни. За целта едноставно побарајте го мојот менаџер Хуан “, повика готвачот во Instagram.

Според податоците на полицијата при задушувањето на огнот се спасени 65 лица. Премиерот Тереза ​​Меј вети дека истрагата ќе ги утврди одговорните за трагедијата.

Еден од оние кои живеат во зградата раскажал за новинарите дека огнот започнал од фрижидер, кој избувнал, соопшти “Independent”. Станбената зграда, висока 27 спрата, има 130 апартмани, од кои сите беа зафатени од пожар.

 

Слични содржини