Адел го посвети концертот во Њујорк на Бранџелина

од Vladimir Zorba

Британската пејачка Адел посвети свој концерт на разводот меѓу актерите Бред Пит и Анџелина Џоли.91d280518aa0f3466e6dc0449e428d49

Снимката ја објави TMZ. Пејачката изведе концерт вечерта на 20 септември во Њујорк.

Адел се свртела кон фановите од сцената и признала дека веста за разделбата на Бранџелина ја вознемирила и ја натерала да мисли на оваа тема во текот на целиот ден.

Темата за разделбата меѓу двајцата се покажа и најзборувана на Twitter. Џоли поднесе барање за развод на 19 септември. Како причина таа ги истакна “ненадминливите разлики”.

Според информација на весникот актерката е незадоволна од начинот на кој Пит ги воспитува децата и инсистира на целосно старателство над нив. Исто така таа сметала дека нејзиниот сопруг претерал со алкохолот и тревата.

41-годишната Џоли и 52-годишниот Пит се венчаа во текот на летото на 2014 година, но се заедно од 2004 година, кога се заљубија за време на снимањето на “Господин и госпоѓа Смит”.

Двајцата имаат и шест деца – Мадок на 15, Пакс на 12, Захара на 11, Шајло на 10 и близнаците Нокс и Вивиен на 8.

Неофицијално, причината за разделбата на Бранџелина е аферата на Пит со француската актерка Марион Котијар која сепак негираше да има врска со Бред.

Слични содржини