Бијонсе ѝ се додворува Адел за дует од минатата година, но изведувачката на хитот “Hello” категорично одбива соработка со поп дивата.4499390

Британката жнее огромни успеси со последната песна, а на 15 ноември ќе го претстави и новиот албум “25”. Многу нејзини колеги од музичката индустрија како Сем Смит и Кејти Пери ја пофалија нејзината работа и ѝ честитаа за успехот.

Но, Бијонсе не може да се задоволи само со пофалба – таа сака дует со новата ѕвезда на музичката сцена Адел. Според гласините уште од минатата година Бијонсе ѝ предлагала какви ли не можности на својата колешка, за да се согласи на заедничка песна.

Оваа година убедувањето продолжило, но Адел повторно одбила. Песната која Бијонсе сака да ја испее во дует со Адел, ќе се појави во новиот албум на крајот на годината.

Според извори блиски до двете пејачки причината за одлуката на Адел не е непријателство меѓу нив, туку стравот на Британката дека славата ќе ѝ наштети. Адел неколку пати во интервјуа споменуваше за таа своја загриженост.

“Од што се плашам – од славата, од неа сакам да избегам, бидејќи сметам дека таа само ќе ми наштети. Славата е како отров што го имам доволно во мојот организам. Не ми треба уште “, рече таа.

Слични содржини