Пејачката Адел освои рекордни 27 милиони долари минатата година, а не се појави под рефлекторите ниту еднаш и не направи никаква нова музика.4525789

Изведувачката на хитот “Hello” го направи враќањето кон музичката сцена во октомври оваа година, по неколку години пауза, посветена на семејството и одгледувањето на првородениот син.

И покрај паузата, новиот албум на пејачката “25” е на пат да ги победи сите рекорди на продажба оваа година. Во САД дискот ги предводи топ листите и ги собори рекордите за продажба само во првата недела од излегувањето. Од музичката агенција “Nielsen Music” предвидуваат дека штом за 72 часа биле продадени 2.3 милиони копии, тој рекорд од 2,41 милиони копии лесно ќе биде одминат.

Тоа е и претходниот рекорд во САД, постигнат во 2000 година од албумот “No Strings Attached” на момчешката група NSYNC во која тогаш пее Џастин Тимберлејк. Специјализираното музичко издание “Билборд предвидува 2,9 милиони продадени копии од албумот на Адел во првата недела. Првиот албум на пејачката од 2011 година -” 25 “се покажа како многу успешен, но првите бројки од продажбата ги надмина сите очекувања. Успехот е уште поголем со оглед падот на продажбата на албуми од 2000 година поради музиката на интернет. “Nielsen Music” предвидуваат дека “25” ќе биде најбрзо продаваниот  албум од почетокот на водењето на статистика за неделната продажба од 1991 година.

Покрај NSYNC се очекува албумот на Адел да го надмине и успехот на “The Eminem Show” на Еминем во 2002 година и на Тејлор Свифт со “1989” во 2014 година.

Изгледа дека Адел заработува пари, дури и кога не работи. Податоците за 27 милионски приходи во 2014 година покажуваат дека ѕвездата заработувала во просек по 73 000 долари на ден, за да си седи дома. Адел е меѓу најбогатите Британци под 30 години. Нејзината состојба се проценува на 80 милиони долари.

Слични содржини