Адеми денеска ќе се брани на Меѓународниот спортски суд Лозана

од desk3

Аријан Адеми некогашниот член на фудбалската репрезентација на Македонија, денеска во Меѓународниот спортски суд Лозана ќе има рочиште за неговото докажување за невиноста во допинг случајот кој беше откриен минатата година на меч во Лигата на шампионите повод допинг скандалот од минатата година.

mamikj-zhal-mi-e-shto-ademi-ja-odbra-makedonija-178295

Адеми беше фатен со допинг по завршувањето на мечот со Арсенал на домашен терен кој го добија „модрите“ со 2:1.

УЕФА на Адеми му изрече казна забрана за настап од четири години, а последна институција за укинување на забраната е спортскиот суд во Лозана. Денеска ќе треба Аријан да се соочи со Судот, кој потоа ќе донесе конечна одлука околу допинг скандалот.

Информацијата за допингот Адеми ја дозна за време на подготовките на репрезентацијата за дуелот со Словачка во Скопје.

Додека Адеми ја чека одлуката од Меѓународниот суд во Лозана и се бори да докаже дека нема никаква врска со допингот, тој не смее да тренира фудбал, па често игра тенис и мал фудбал со својот пријател Јерко Леко.

Евентуална потврда на вината би било крај на кариерата за Адеми, додека отфрлање би значело дека Адеми би можел да се врати на терените и повторно да заигра фудбал, иако веќе 12 месеци е надвор од терените./MИА

Слични содржини