Адеми до Минов: Научете албански за да ме разберете како што јас ве разбирам вас

од desk2

Не знам која е целта на овој закон во Кавадарци или во Пробиштип да се вовдеде негова употреба. Значи СДСМ тврдеше дека нема двојазичност во сите локални самоупорави, но според законот не е така. Албанскиот јазик станува службен на цела територија. Не прифаќам такво нешто и јас пратеник слушалка не бивам , рече Минов со што уште еднаш го потврди ставот на опозицијата дека се против носење на Законот за јазиците.

Пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми реплицираше на оваа изјава при што кажа дека за подобро меѓусебно разбирање би било добро Минов да научи албански јазик.

-Токму тоа ви зборувам научете албански да ме разбирате како што јас ве разбирам вас и да не бидеме слушалки. Албанскиот јазик е реалност, тоа на албанците не е нешто што треба да им се додели, туку природно им следува, рече Адеми.

Петнаесетата седница каде точка на расправа е законот за употреба на јазиците започна со еден час задоцнување по двочасовна координација на пратеничките групи со собранискиот спикер Талат Џафери. На почетокот на седницата 60 пратеници се пријавија за збор, најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ, но во меѓувреме се повлекоа што би значело дека пратениците нема многу да се задржуваат на ова прво читање на Законот за јазици./А1он

Слични содржини