Адеми на средби со иселеници во Ростуше, Центар Жупа и Дебар

од desk2

Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспората вчера оствари средби со жителите на Ростуше, Центар Жупа и Дебар.

Како што соопштија од кабинетот на Адеми, на овие средби тој ги истакнал конструктивните чекори кои Владата на Република Македонија ги превзема за дијаспората.

Адеми нагласил дека од взаемен интерес е градење на мостот кој ќе ги поврзува дијасората и Република Македонија се со цел втемелување и вистинско инволвирање на дијаспората.

На средбите биле присутни наши иселеници кои работат и живеат во европските и прекуокеанските земји со кои биле разменети и дебатирани многу прашања, решенија и предлози кои се од особена важност.

Слични содржини