Адидас во соработка со организацијата „Parley for the Oceans“ создаде концептуални патики направени од пластичен отпад и фрлени мрежи за риболов, кои се нашле во океанот.landscape-1435760586-388767

Мрежите се огромен фактор во загадувањето на океаните, а повеќето од мрежите кои се користат во проектот се запленети од нелегални рибари фатени на брегот на Западна Африка. Горниот дел на чевлите е направен од рециклирана пластика и зелени мрежи за риболов, а остатокот е направен од други еколошки материјали.adidas-parley-for-the-oceans-recycled-sneakers-1-537x403

Во минатото Гринпис ги обвини Адидас за загадување на животната средина, така што веројатно и овој подвиг е чекор во вистинската насока. Патиките засега се само концепт, но дури и ако не се произведуваат, компанијата вети дека од 2016 година ќе почне да користи рециклирани влакна.recycled-fish-net-ocean-trash-sneakers-adidas-fb__700recycled-fish-net-ocean-trash-sneakers-adidas-4

Слични содржини